„Конкурсот има прагматична содржина со студиски програми за задоволување на потребите на студентите и барањата на пазарот на трудот. Овие програми се комбинација на американскиот прагматизам и европските вредности, како што е и називот на Универзитетот. Оваа година иновација е отворање на две нови студиски програми, а бројот на факултети останува ист“, рече ректорот акад.проф. д-р Абдулменаф Беџети.
Универзитетот на Југоисточна Европа, тековно прилагодувајќи се на околностите создадени од пандемијата „Ковид 2019“, го развива процесот на учење преку он-лајн платформи за студентите во сите три циклуси на студии.
