Предавања на вебинарот имаа: проф.д-р Адријан Бесими, проф.д-р Гадаф Реџепи и експертот од стопнтвото г-дин Виктор Стевковски.
„Ова не е првпат да се одржи семинар на Интернет во УЈИЕ, но учеството на студентите е значително зголемено, со оглед на фактот дека целиот процес на учење се одржува он-лајн“, рече проф. д-р Азир Алиу.
Студентите имаа можност да научат од 15-годишното искуство на г. Стевковски и за најефикасните начини како да основаат старт –ап компанија, за тешкотиите и предностите, како и за создавањето на еко-системот и мрежи за старт-ап компаниите.
