Архитектура и дизајн е најновата програма што им се нуди на студентите во рамките на Факултетот за современи науки и технологии. Од минатата година, студиската програма „Правна информатика“ е успешно понудена на Правниот факултет, додека на Факултетот за бизнис и економија, годинава ќе биде студиската програма „Претприемништво“, која се реализира во соработка со бизнис-заедницата.
„Универзитетот на Југоисточна Европа секогаш ја создава својата академска понуда соработувајќи со сите заинтересирани страни и пред сè со деловната заедница. Податоците за вработување покажуваат дека над 70% од дипломираните студенти можат да најдат работа во првата година по дипломирањето“ истакна ректорот акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети.
„Ние заедно ја создаваме академската понуда со атрактивни програми потребни на пазарот на трудот. Горенаведените податоци покажуваат колку е ефикасно ова. Исто така, нашите студенти постигнуваат успех и се докажуваат, каде и да се ангажирани или вработени“, вели ректорот Беџети.
Во рамките на академската понуда, за новата академска година многу привлечна е понудата за стипендија, каде сите матуранти, кои постигнале одличен успех во средното училиште (5.00), добиваат целосна стипендија која покрива 60% од школарината. Матурантите кои имаат постигнато 4,5 - 4,99 во средното училиште добиваат стипендија од 40%. Финансиски придобивки има и за студентите кои се втор и трет член од исто семејство, кои добиваат 15% и 25%, намалување на школарината.
Многу добра и единствена можноста на УЈИЕ е програмата „Работа и студии“, каде ангажираните студенти работат во службите на Универзитетот и добиваат финансиска компензација за часовите на ангажман, која потоа се одзема од школарината.
За новата академска година, Универзитетот на Југоисточна Европа ќе понуди вкупно 20 додипломски студиски програми и 27 последипломски програми на 5 факултети.
