Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот го одбележи 28 Ноември - Денот на албанското знаме

Денес (26 ноември), со свечена академија, на Универзитетот беше одбележан 28 Ноември - Ден на албанското знаме.

За важноста на националниот Ден на знамето, говореа ректорот, академик Алајдин Абази и  професорите Веби Беџети и Фејзула Шабани.


Во оваа прилика, потсетувајќи се на славното минато на националната историја, беше речено дека  Денот 28 Ноември 1912 година е ден кога истакнатиот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегатите од различни албански територии, го истакна националното знаме во Валона. "Овој настан претставува последна фаза на Албанската национална ренесанса, која се совпаѓа и со прогласувањето на независноста на Албанија, но исто така се повеќе сведочејќи за развојот на националната политичка свест на целиот албански народ, без регионални разлики, рекоа говорниците. Тие, подвлекоа дека политичкитe збиднувања не се појавиле секаде во исти периоди, бидејќи истите беа условени од околностите на времето.

Во оваа академија посветена на Денот на знамето, Демуш Бајрами прочита  стихови од авторите на албанската ренесанса. Според него, овие пораки се актуелни и денес. На крајот, Мухарем Етеми, рецитираше песна, посветена на паднатите борци за правата на Албанците.

Исто така, вреди да се спомене дека, неколку дена порано, од Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на ЈИЕ се одбележа 101-годишнината од Битолскиот Конгрес на албанската азбука.
Google+