Дебатата ја отвори деканката на ФБЕ, проф. д-р Хирие Абази, која рече дека целта на тркалезната маса е да обезбеди економски преглед на состојбата предизвикана од ефектите на корона вирусот на глобално и на локално ниво. Секторите во кои се очекува најголемо влијание се туризмот и увозот на стоки.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во својство на еден од панелистите, зборуваше за макроекономската перспектива на ефектот на корона вирусот.
„Целта е преку аргументи да се претстават нашите ставови за ефектите на корона вирусот врз глобалната економија, а особено врз локалната економија. Во моментов, макроекономските параметри укажуваат на тоа дека економијата на Северна Македонија е стабилна, но препорачувам Владата на Република Северна Македонија да преземе превентивни економски мерки за ублажување на влијанието на ефектот на корона вирусо “, рече ректорот Беџети во своето излагање.
Тој нагласи дека ефектот на корона вирусот влијае на моќните глобални економии и тоа нужно има свое влијание врз економијата на Северна Македонија. Во моментов ефектот на корона вирусот е психолошки, но тоа не ја исклучува можноста ефектот да биде позагрижувачки доколку состојбата продолжи.
Генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев, зборуваше за влијанието на ефектот на корона вирусот врз банкарскиот сектор. Тој рече дека секторот е многу стабилен, но дека долгорочните ефекти ќе бидат забележителни доколку состојбата трае повеќе од 60 дена.
Во врска со реакциите на реалниот економски сектор, зборуваше г. Зоран Јовановски, претставник на Стопанската комора на Македонија.
Тркалезната маса продолжи со дискусии од студентите и вработените на Универзитетот, која опфаќаше многу различни аспекти на влијанието на ефектот на корона вирусот.
