Темата на конференцијата беше „ Соочување на албанските јавни универзитети со предизвиците на Европскиот високообразовен простор“ која и оваа година ја организираше Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча.
Во рамки на главната тема на конференцијата, ректорот Беџети имаше презентација на темат „Управување со јавен универзитет: автономија, структури и инклузија“, каде зборуваше и за искуството на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Ректорите на универзитетите го потпишаа и Меморандумот на конференцијата, во кој се вклучени визијата и барањата на соодветните универзитети во време на брзи социјални, економски, политички, климатски и глобални трансформации, и во услови кога многу од нашите универзитети се „загрозени“ од намелениот број на студенти поради низок наталитет, емиграција или други фактори, во исполнувањето на мисијата на албанското високо образование.
