Меморандумот го потпишаа ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и директорот на Агенцијата за употреба на јазиците, проф. д-р Илбер Села.
Целта на Меморандумот е да се иницира поддршка, спроведување на заеднички истражувачки проекти; поддршка и реализација на други научни активности (конференции, семинари и публикации во области од заемен интерес, практична студентска работа) и размена на искуства во институционалното управување, во зависност од ресурсите и потенцијалот на располагање и од двете институции.
Конференцијата се одржува во чест на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
