Тие разговараа за тековната соработка и можностите за проширување на академската и кадровската размена помеѓу УЈИЕ и универзитетите во Словенија.
Тековните односи со словенечките високообразовни институции и од двете страни беа добро оценети во сите аспекти. Амбасадорот Јазбец и ректорот Беџети разговараа и за општите трендови и предизвици со кои се соочува високото образование во Северна Македонија и Словенија.
