COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Фондот за иновации и технолошки развој го претстави својот нов јавен повик за кофинансирани грантови

Денес, на Кампусот на УЈИЕ во Тетово, Фондот за иновации и технолошки развој - ФИТР го претстави својот нов јавен повик за кофинансирани грантови, специјално дизајнирани за новоосновани компании за стартап и спиноф.

Ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети го отвори настанот презентирајќи ги најновите достигнувања на УЈИЕ и Технолошкиот парк во однос на претприемништвото и вработувањето.

Директорот на Фондот - Јован Деспотовски изјави дека изборот на УЈИЕ како домаќин на овој настан не е случаен, бидејќи овој Универзитет е еден од најголемите поддржувачи и придонесувачи за зајакнување на претприемништвото и создавање начин за размислување за стартап кај своите студенти.

Google+