На ова предавање, истражувачот Махмуди направи ретроспективен осврт врз порастот на биолошката интелигенција преку еволуцијата и забрзувањето на технолошкиот напредок и се дискутираше за можноста за подигнување на вештачката интелигенција. На предавањето, исто така, се презентираа и некои од најновите достигнувања во вештачката интелигенција и се дискутираа некои можни сценарија за иднината на развојот на човештвото и нивното влијание врз економските и социјалните системи.
Пред да се придружи на „Ауди Аг“, Ментар Махмути ги завршил докторските студии на ЕПФЛ во Лозана, како и докторат на Универзитетот во Калифорнија и додипломски студии на универзитетот Jaкобс во Германија. Тој е автор на многу научни трудови за роботика и за вештачка интелигенција.
