Студентите ги прими заменик-гувернерот на НБРСМ, г. Фадил Бајрами и неговиот персонал. Тој изрази подготвеност да ја зголеми соработката на НБРСМ со ФБЕ со стимулирање на добрите студенти да се вклучат како практиканти во НБРСМ, како и да присуствуваат на разни комурси за НБРСМ.
Групата од студентите имаше можност да слушне предавање од експертот за монетарна економија на НБРСМ, м-р Гани Рамадани на тема: „Монетарната политика на Народната банка на Северна Македонија, Компаративна анализа на макроекономските проекции 2019/2020“.
На крајот од предавањето, студентите беа активно вклучени со високо конструктивни прашања и коментари. Проф. Јетон во име на студентите на ФБЕ / УЈИЕ, а и во свое лично име се заблагодари на предавачот и назаменик-гувернерот и неговиот кабинет за гостопримството. Потоа, студентите го посетија Музејот на стари пари во Скопје.
