Тие имаа можност да се сретнат директно со раководниот и стручниот кадар на оваа банка и да се запознаат со начинот на кој функционира банката. Исто така, директорот на Шпаркасе банка, филијала во Тетово, г. Флорин Идризи ги запозна студентите за можноста за завршување на стажирањето во оваа банка, како и за можните програми за стипендии и комбинирани студии за завршување на дел од студиите на универзитети во Австрија.
За време на интерактивното предавање, студентите имаа можност да комуницираат со раководниот кадар и да поставуваат прашања директно, како и да дискутираат за трендовите и иновациите во финансиските услуги. Ова претставува одлична можност да се комбинираат теоретското знаење со реалната практика.
