Во своето предавање, министерот Бектеши презентираше на темата: „Индустриска политика и план за економски раст на Владата на Република Северна Македонија“.
За време на интерактивното предавање, студентите имаа можност да комуницираат со министерот Бектеши и да поставуваат директни прашања, како и да коментираат на теми за економското управување и влијанието на економските регулативи и политики врз деловниот и економскиот развој. Одлична можност да се комбинираат теоретското знаење со реалната практика.
