COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правниот факултет го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

„Младите и човековите права“ беше темата на панел-дискусијата, која беше организирана во вторникот(10 декември 2019 година) по повод Меѓународниот ден на човековите права на која панелистите беа познати експерти од областа, студенти и средношколци.

Панел-дикусијата беше организирана од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Панелот го отвори проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, која рече дека овој ден не случајно се одбележува на Универзитетот на Југоисточна Европа, бидејќи основањето на овој Универзитет е поврзано со една од точките на Универзалната декларација за човекови права, што е правото на образование на мајчин јазик.

За главната тема зборуваше проф. Виѓиленца Абази, која рече дека човековите права се поврзани со другите услови за живот во едно општество. Без силни институции и владеење на правото не можеме да кажеме дека човековите права се целосно почитувани. Едно е потпишување на изјава, а друго е нејзина имплементација во пракса.

Раководителот на секторот за образование во Општина Тетово, Ахмед Ќазими, зборуваше за човековите права и образованието, додека Меваип Абдиу зборуваше за влијанието на медиумите врз човековите права. Што се однесува до човековите права на слободата на вера зборуваше г. Мафиз Рустеми, а во име на Министерството за внатрешни работи од СВР Тетово зборуваше портпаролот Фатмир Реџепи.

Доц. д-р Арта Селмани, продекан на Правниот факултет, во своето излагање презентираше неколку членови од Универзалната декларација за човековите права, како што се правото на образование и правото на слобода на изразување.

Студентката Анила Пајазити имаше многу мотивирачки говор за младите и нивните права. Олти Есати, во име на Локалниот младински совет и Евридит Фетаху од Унијата на средношколци, зборуваа на истата тема.

Средношколците и студентите поставија многу прашања за нивото на почитување на човековите права во земјава.

Фото галерија ->

Google+