Претставниците од Катедрата за Германски јазик им се заблагодарија на гостите од Германската Амбасада за посетата и нивното интересирање за ЈИЕУ, односно Катедрата за германски јазик. И двете страни се согласија дека ваквите средби придонесуваат за продлабочување на меѓу - институционалната соработка.
Германската Амбасада високо ја оцени работата на Катедрата, која придонесува во подготовката на наставници по германски јазик и за ширењето на германскиот јазик во регионот. Од страна на претставниците на Германската Амбасада изразија подготвеност за продолжување на одличната соработка со ЈИЕУ, кој години наназад подготвува квалификувани кадри, кои играат значајна улога во интегрирањето на нашата земја во ЕУ.
Посета на претставници од Германската Амбасада во ЈИЕУ
25 ноември 2009
Франк Стусел, прв секретар и Соња Бохнет, раководител на секторот за култура и медиуми во Амбасадата на Германија во Македонија, во вторник (3.11.2009) имаа работна средба со раководителот на Катедрата за германски јазик на ЈИЕУ доц. др. Гзим Џафери и со проф. др. Роберт Шмит-Бранд, професор од Германија во ЈИЕУ. Гостите најмногу се интересираа за активностите на оваа катедра.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics