Учениците ги поздрави деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Адриан Бесими кој ги запозна со функционирањето на Универзитетот и иновациите што се применуваат, особено во областа на ИТ.
За време на обуката предавања одржаа проф. д-р Азир Алиу и проф. д-р Џемал Зенуни.
Учениците во рамките на работилницата го посетија и Технолошкиот парк, каде проф. д-р Азир Алиу ги запозна со функционирањето и активностите што во моментот се спроведуваат во оваа институција.
