Амбасадорката Ханеда зборуваше за искуството на јапонските универзитети, особено во компонентата на соработка со бизнисите од приватниот сектор. Во овој поглед, таа беше изненадена од концептуалниот пристап на УЈИЕ, во балканските услови.
На средбата, ректорот Беџети ја иницираше можноста за соработка во областа на трансферот на искуствата на високообразовните институции од Далечниот исток, во случајов од Јапонија, особено во областа на ИТ и иновациите во однос на развојот на новите наставни програми во согласност со барањата на пазарот на трудот.