Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа презентација за новитетите на програмата Еразмус +

Запознавањето со новитетите кои се нудат од програмата Еразмус +, беше главната тема на презентацијата за студентите и за вработените која се организираше во понеделникот (28 октомври 2019 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, од Националната агенција за европски студиски програми и мобилност и Канцеларијата за меѓународни односи на универзитетот.

Астрит Реџепи, координатор на Агенцијата за високо образование, во својата презентација ги истакна клучните чекори што треба да ги следат студентите за да бидат корисници на „ Еразмус +“. Тој рече дека многу студенти кои се враќаат од мобилност преку „Еразмус +“ имаат стекнато нови искуства, неопходни за нивните кариери.

„Универзитетот на Југоисточна Европа е најголем корисник на грантовите што ги доделува Агенцијата, но и на остварените мобилности“, рече Реџепи.

За новитетите на програмата „Еразмус +“ за размена на академскиот и административниот кадар, презентираше Бујар Синани, раководител на Канцеларијата за меѓународни односи на УЈИЕ. Тој рече дека имаме зголемен интерес од вработените за учество во програмата за размена, и само во тек на минатата година имаше вкупно околу 14 размени.

„Професорите кои предаваат во Европските универзитети, потоа го споделуваат своето искуство со студентите на предавањата, применувајќи наставна методологија споредлива со Универзитетот каде што реализирале мобилност“, рече Синани.

Од грантот доделен минатата година на студентска размена во рамките на програмата „Еразмус+“, вкупно 50 студенти од универзитетот во Југоисточна Европа престојувале и на поголемите универзитети, како што се: Универзитетот во Хајделберг и Бамберг (Германија), Гетеборг ( Шведска), Љубљана (Словенија), Болоња и Калабрија (Италија), Авеирос (Португалија), Метрополитан (Чешка), Зилина (Словачка), Осијек (Хрватска) како и на други универзитети.

За новата академска 2019-20 година, Европската комисија за Универзитетот на Југоисточна Европа има доделено 105 грантови за мобилност на студентите и вработените, од кои 65 се за студентски размени, 15 за практиканти и 25 за грантови за вработените.

Од академската 2021-22 година ќе се спроведе нова Рамка за мобилност,со која се очекува да се удвои буџетот наменет за размена на студентите и вработените. Според механизмите на оваа рамка, од овој период, студентите ќе можат да одат и на универзитети надвор од Европската унија.

За време на презентацијата, присутните студенти го споделија своето искуство од размените, но и ги дадова нивните предлози, кои се очекува да бидат земени во предвид при спроведувањето на новата рамка за размена на студенти.

Google+