За промовирање на оваа соработка, проректорката за истражување и за меѓународна соработка вон.проф. д-р Беса Арифи учествуваше на меѓународната конференција организирана од „Пегазо Интернешнл“ на тема „ Социјалната инклузија, образованието и дигиталното општество ”, која се одржа во Малта на 18. и 19. октомври 2019 година.
Проректорката Арифи го претстави искуството на УЈИЕ во промовирањето на меѓукултурното разбирање и истражувањето на конференцијата. Таа зборуваше за тековните активности на Универзитетот и вклученоста на повеќе меѓународни образовни институции со цел да се потенцира меѓународната меѓу институционалната соработка.
