Беса Арифи, раководител на Центарот за човекови права на ЈИЕУ го претстави нашиот универзитет со научниот труд „Универзитетската автономија и академската слобода - случајот на Македонија“. Овој труд ќе биде објавен во билтените на оваа конференција, на која исто така беа претставени и искуствата од други земји како што се: Хрватска, Србија и Молдавија од балканскиот регион, Казахстан, Киргистан и Авганистан од регионот на Касписко Море, как и Русија, Бугарија и Романија од регионот на Црно Море. Предавања во врска со темата одржаа и Тургут Трханли –Декан на Правниот факултот на Istambul Bilgi University, како и Халил Берктаи –професор во Универзитетот „Сабанчи“ од Истанбул.
Со свои трудови на конференцијата се претставија и претставници од Арапското Друштво за Академска Слобода како и од Африканската Мрежа за Академска Слобода.
Учеството на ЈИЕУ на оваа конференција е многу значајна, бидејќи нашиот универзитет е единствен кој е избран да ја претставува Македонија на оваа конференција. На конференцијата се стекнаа нови идеи за понатамошно развивање во врска со концептот на универзитетската автономија и академската слобода и се создадоа нови контакти и нови врски за соработка со разни светски организации кои се занимаваат со овие прашања.
Беса Арифи учествуваше на меѓународна конференцијата за универзитетска автономија во Истанбул
16 ноември 2009На 23 и 24 октомври 2009 година во Универзитетот „Istanbul Bilgi University“ се одржа меѓународната конференција со тема: „Академска слобода и универзитетска автономија во балканскиот, црноморскиот и каспискиот регион: Мерки и стратегии“ организирана од Мрежата за образование и академски права (Network for Education and Academic Rights – NEAR, со седиште во Лондон), Scholars at Risk-SAR, со седиште во Њу Јорк и Истражувачкиот центар на Билги Универзитетот од Истанбул.
Повеќе вести
- Иновациите, претприемништвото и дигиталната конкурентност во фокусот на конференцијата ISCBE 2026 во Валенсија
- УЈИЕ блесна во Тирана: Правниот факултет го освои третото место на натпреварот за симулирано судење „UniversityLawCompetition2026“
- УЈИЕ на Европскиот самит за ЕДИХ 2026 во Брисел
- 22-та генерација на УЈИЕ го прослави својот успех на Свечената церемонија на апсолвенти
- УЈИЕ ја промовираше сопствената платформа за вештачка интелигенција AI@SEEU
- Делегација на ИНОВА го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и Технолошкиот парк
- УЈИЕ се потврдува како највисоко оценет универзитет во Северна Македонија во Times Higher Education Impact Rankings 2025