Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректор Беџети: УЈИЕ е најдобриот пример за концептот на инклузивно општество

„Начинот на кој работи Универзитетот на Југоисточна Европа е најдобриот пример за концептот на инклузивно општество“, рече ректорот на УЈИЕ, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, на Меѓународната конференција „Кон концептот на едно општеството и интеркултурализмот“, што се одржа денес (3 октомври 2019 година), во Скопје. На конференцијата присуствуваше и проректорката за истражување и за меѓународна соработка, Беса Арифи.

Ректорот Беџети, во своето обраќање го поддржа концептот на инклузивно општество и го опиша начинот на кој функционира УЈИЕ, потенцирајќи дека „добрите работи не се лесни и дека процесот на вклучување е скап процес за кој тој смета дека оваа стратегија треба да биде долгорочна и поддржана од сите политички субјекти во земјава и не треба да се смета како проект за циклус на владеење. Тој понатаму ја истакна важноста на дефинирање на правните механизми за еднаков регионален развој, со цел да се обезбеди социјална кохезија. Тој, исто така, изрази подготвеност УЈИЕ да биде институционално и доброволно вклучен во креирањето механизми за спроведување на оваа стратегија.

Конференцијата беше организирана од Владата на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што главни обраќања имаа премиерот Зоран Заев, шефот на мисијата на ОБСЕ, Клименс Која, Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Ламберто Заниер и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

Целта на конференцијата беше да се обезбеди широка платформа за дискусија поврзана со Стратегијата „Едно општество за сите“меѓу претставниците на социјалните институции, меѓународните организации, академската заедница и граѓанското општество.

Google+