Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа конференција за повеќејазичноста како предизвик на лингвистичката, литературната и културната комуникација

Во четвртокот (19 септември 2019 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово во организација на Факултетот за јазици, култури и комуникација се одржа Меѓународната научна конференција на тема „Повеќејазичноста како предизвик на лингвистичката, литературната и културната комуникација“.

Целта на конференцијата беше преку научни трудови и истражувања да се третира повеќејазичноста и да се дадат конкретни решенија за нејзината примена во земјава.

Во име на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети се обрати проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Владимир Радевски, кој го прочита говорот на ректорот на албански јазик.

„Универзитетот на Југоисточна Европа одигра пионерска улога во обезбедување квалитетна настава во високото образование на сите три јазици во Република Северна Македонија, но и во функционирањето како институција на три јазика. Ви посакувам плодна и успешна работа, посакувам да ги зајакнете контактите, да ја зголемите соработката меѓу институциите од кои доаѓате, да имате повеќе проекти и заедничка соработка со цел да имате уште повеќе вакви конференции “ се вели во говорот на ректорот Беџети до присутните на конференцијата.

Проректорот Владимир Радевски во својот говор истакна дека во нашево општество, повеќејазичноста не е само факт, туку е и предизвик пред кој секој ден се отвораат нови теми и има потреба од истражување и експертиза.

Во Европа имаме се повеќе примери за повеќејазичност, кои треба да ги следиме и да се инспирираме. Политиките и насоките на Европската комисија за дигитализација се поддржани со средства што се достапни на научната и на истражувачката заедница“ , истакна проректорот Радевски.

Клучни говорници беа проф. д-р Ендру Гудспид, од ФЈКК и Шефкије Исламај, од Институтот за албанолошки студии во Приштина, а координатор на конференцијата беше доц. д-р Мерал Шахаби.

Конференцијата ќе продолжи со работа во сесии на кои ќе се третираат теми од комуникацијата, лингвистиката, литературата и методологијата на албански, на македонски, на англиски и на германски јазик.

Google+