Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Телеграма со сочувство

Телеграма со сочувство

Универзитетот на Југоисточна Европа со длабоко жалење и тага ја прими веста за смртта на поранешниот студент на овој Универзитет Хајан Селман.

Во својство на Ректор и во името на сите вработени, би сакал да искажам најискрено сочувство до семејството на Хајан и да им посакам да бидат силни и да ја надминат оваа голема загуба и тага.

Универзитетот на Југоисточна Европа имаше чест што меѓу своите студенти и алумни има толку успешен профил кој за кратко време покажа многу вредности, дури и и во глобални размери.

Во аналите на својата историја и монографијата на развојот Универзитетот ќе ги забележи импресивните резултати на Хајан како една од најуспешните приказни за создавање на модел на инспирација за сите генерации.

Нека почива во мир!

Ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа

Акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети

Google+