Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Одличните матуранти го избираат УЈИЕ

Универзитетот на Југоисточна Европа оваа година привлече значителен број на матуранти со одличен успех и поради тоа се одлучи понудата за стипендии да продолжи и во вториот уписен рок.

Според податоците од канцеларијата за упис, бројот на одлични матуранти кои аплицираат за стипендија на УЈИЕ во првиот уписен рок е двојно зголемен, како по број, така и по вредност, во однос на минатата година и во моментов се достигна бројка 185 стипендии.

„Еден од главните приоритети за развој е квалитетот и понудата на стипендии дури и во вториот уписен рок што ја докажува нашата посветеност во овој поглед, затоа крајниот рок за аплицирање за стипендии продолжува до 30 септември 2019 година, кога ќе и заврши вториот уписен рок “, истакнуваат претставниците од оваа канцеларија.

Со оглед на општествената одговорност, придонесот во заедницата и влијанието што студентите на Факултетот за современи општествени науки го даваат на општеството, овој факултет од дополнителниот фонд доделува стипендии за одличните матуранти. Сите оние со просек 4,00-4,99 добиваат стипендија, која опфаќа 60% од школарината, додека на оние со просек од 5,00 им се доделува стипендија, која опфаќа 75% од школарината.

Tековните трендови на запишување студенти во УЈИЕ ги надминаа очекувањата на раководството, бидејќи вкупниот број студенти кои аплицираат за запишување во првата година бележи значителен пораст во однос на истиот период минатата година.

Универзитетот на Југоисточна Европа, годинава за да го олесни товарот врз родителите, го зголеми и бројот на рати за уплата на школарините и сега освен на 2 и 4 рати, уплатата може да се изврши и на 12 рати.

Google+