Собранието на РСМ го донесе Законот за социјална заштита кој директно им дава предност на дипломираните студенти во јавната администрација / јавното управување за вработување во институциите за социјална заштита и заштита на децата, што не беше случај во претходното законодавство од оваа област.
Овие измени нудат можност дипломците од јавната администрација / јавното управување да бидат ангажирани како стручен кадар во многу институции за социјална заштита во РСМ.
Факултетот за современи општествени науки им се заблагодарува на сите членови на законодавниот дом кои ја поддржаа оваа иницијатива (амандман) во матичното работно тело и законодавно-правната комисија со кои амандманите беа вметнати во текстот на Законот за социјална заштита.
