Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Професорот Вели Креци во својство на надворешен предавач во Универзитетот во Сиетл

Академскиот кадар на Универзитетот во Југоисточна Европа, покрај универзитетските заложби, се повеќе се ангажира за поседување знаења и вештини мерливи со најистакнатите европски и американски професори.

Во текот на летниот семестар, директорот на институтот „Макс ван дер Штул“ и предавач на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Вели Креци предаваше на Универзитетот во Сиетл- Колеџ за уметности и науки.

„Ова беше уникатно искуство имав можност да предавам на студенти на магистерски студии на теми кои се движат од имиграција до прашања од областа на политиката за биолошка разновидност“, истакна проф. Креци.

„Ефективно креирање политики: Европската унија“ беше изборниот предмет на кој предаваше проф. Вели Креци. Додека беше ангажиран на универзитетот во Сиетл 14 студенти на магистерски студии на програмата за јавна администрација посетуваа 6 часа неделно во тек на четири недели.

„Задоволство е да го споделиме искуството, да увидиме дека ние како универзитет имаме многу работи што можеме да ги покажеме не само на национално, туку и на меѓународно ниво. Со нетрпение очекувам да го споделам стекнатото искуство со моите колеги од УЈИЕ и да им овозможам на нашите студенти да имаат корист од тоа “, додаде проф. Креци.

Google+