Брикена Џафери учествуваше на меѓународна конференција за Азискиот ЕФЛ журнал
9 ноември 2009
Доц. др Брикена Џафери од Факултетот за јазици, култури и комуникација-Катедрата за англиски јазик и литература учествуваше на меѓународната конференција во Измир, Турција. Конференцијата беше организирана од Азискиот ЕФЛ журнал и Универзитетот Dokuz Eylül а се одржа од 14-15 октомври 2009 година.
Целта на оваа конференција беше да ги соедини експертите од целиот свет за да можат да ги разменуваат своите погледи и мислења за прашања кои се поврзани со англискиот јазик како меѓународен јазик.
Азискиот ЕФЛ журнал е најбаран журнал во светот за настава и учење на англискиот јазик. Тој нуди уникатен форум, кој овозможува дискусии околу англискиот како меѓународен јазик.
Доц.др. Брикена Џафери го претставуваше ЈИЕУ со научниот труд „Емпирична студија во стратегијата на учење на зборовите од студентите на ЈИЕУ: Методи, резултати и препораки за иднина“.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics