За време на состанокот беа разгледани многу теми и сите се заложија за продолжување на контактите и зајакнување на триаголното вмрежување: алумни, универзитетски и актуелни студенти.
„Алумните се скапоцено богатство за високообразовна институција и нивниот придонес сѐуште е многу важен за Универзитетот каде што тие се стекнаа со знаења за да продолжат понатаму со своите кариери. Искуствата на нашите поранешни студенти ни помагаат во практичната едукација на идните генерации, па ние сме многу горди што нашите правници имаат важна улога во институциите каде што тие нè претставуваат“ ова беше заеднички заклучок за време на разговорите на поранешните студенти со претставниците на Факултетот и ректорот Беџети.
Состаноците од оваа природа ќе продолжат во различни форми и средини.
