Целта на состанокот беше да се истражат можностите за соработка во различни области, каде што двете институции можат да придонесат за обезбедување квалитетно образование.
Ректорот Беџети го информираше директорот Дилиоглу со начинот на функционирање и идните планови за понатамошен развој на Универзитетот. И директорот на Маариф, го информираше ректорот за структурата и функционирањето на колеџот.
Заедно ја подвлекоа и изразија решеност за поконкретна соработка меѓу институциите за подобро образование во Република Северна Македонија и општеството во целина.
