Преку елаборирање на искуствата и на дигиталниот потенцијал на Универзитетот во целина и на Факултетот за компјутерски науки посебно, ректорот на Универзитетот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети се заблагодари на организаторите за одржувањето на оваа научна трибина во просториите на Универзитетот, нудејќи институционални потенцијали за експертиза на човечки ресурси, технички услови (лаборатории) и просторни, а со цел да се унапредат и имплементираат решенијата за дигиталниот систем во системот за управување со кризи. Со понудата „ науката во функција на безбедноста “ ректорот Беџети понуди понатамошна соработка , дури и во формат на конзорциумот со други институции во Република Северна Македонија.
Воведни говори одржаа министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку, но посебни сесии водеа деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Адријан Бесими и деканот на Факултетот за општествени науки, проф. д-р Мемет Мемети.
