Во презентацијата , таа објасни некои актуелни етички дилеми кои се поврзани со развојот на вештачката интелигенција, како и адаптацијата на човечките суштества со овој технолошки развој.
На презентацијата присуствуваа наставници по физика од средните училишта во Тетово.
Едита е многу ветувачки научник од Северна Македонија под целосна стипендија на Универзитетот Колумбија. За време на нејзиното стажирање во Институтот „МВДШ“ таа работеше на проектот за вештачка интелигенција.
Овој настан беше отворен за јавноста и учесниците беа поканети на интерактивна дискусија и мрежно поврзување.
