Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети: Ги мотивираме студентите за различни студиски активности, но тие треба да бидат внимателни при методологијата за истражување

Претседателот на Одборот, проф. д-р Денис Фарингтон, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, проректорката за истражувања и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, претседателот на Студентското собрание и асоцијација, Арјон Фејзулаху и претседателот на Феминистичкиот клуб Рита Бехадини, денеска (31. мај 2019 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа одржаа конференција за печат за да го разјаснат случајот за објавување на резултатите од анкетата која во јавноста предизвика загриженост во врска со дискриминацијата и злоупотребата на односот професор - студент.

„Ние сме тука пред вас да ги разјасниме асиметричните информации и дезинформациите и да бидеме целосно транспарентни за јавноста и за студентите. Имаме обврска да ги поддржуваме студентите во нивната слобода на критичко размислување, но секогаш почитувајќи го достоинството на професорот, како генерална номинација и барајќи релевантни докази за посебни случаи, би рекол, случајот на УЈИЕ и според оваа анкета случајот е изолиран и инцидентен“ , рече ректорот Беџети.

Ние веќе примивме извештај од резултатите од анкетата и истиот го разгледавме. Има еден случај на вработен со полно работно време од академскиот кадар и 3 случаи од кадарот со скратено работно време.

Во согласност со важечките прописи и процедури, Универзитетот на Југоисточна Европа ќе иницира истраги за презентираните случаи, но ќе се преземат конкретни мерки само ако постојат потврдени и сериозни докази. Ние ги мотивираме студентите за различни студиски активности, но тие треба да бидат внимателни во методологијата за истражување“, истакна ректорот Беџети.

Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон, рече дека случаите на сексуално вознемирување не се само локализирани во Северна Македонија, вакви случаи се пријавуваат и во Велика Британија, во САД, во ЕУ или насекаде во светот.

„Бидете сигурни дека ние како универзитет нема да толерираме ниту еден случај и дека имаме многу ефикасни процедури за да разјасниме сè“, рече проф. д-р Фарингтон.

Проректорката за истражувања и за меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, објасни дека УЈИЕ и Феминистичкиот клуб се свесни за недостатоците на истражувањето, но дека со сериозност ги третираме случаите што произлегуваат од резултатите добиени од анкетата. Проф. д-р Беса Арифи рече дека Универзитетот е должен да им даде простор за делување на студентите, дури и во вакви случаи на сериозна загриженост.

Google+