Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дебата на Феминистичкиот клуб за полова дискриминација во средното и во високото образование - УЈИЕ подготвен да го истражи секој можен случај

Во понеделникот (27. мај, 2019 година), Феминистичкиот клуб кој функционира во рамките на Студентското собрание и асоцијација, на дебатата одржана во УЈИЕ претстави некои од резултатите од проектот „Родова дискриминација во средното и во високото образование“.

Презентацијата беше организирана во рамките на тркалезната маса на истата тема на која учествуваа проф.д-р Беса Арифи, Ахмед Ќазими и Сафет Незири.

Феминистичкиот клуб презентираше податоци од нивните истражувања за полова дискриминација, каде што студенти од три универзитети ги дадоа своите одговори. Според објаснувањето на претставниците на овој клуб,за време на истражувањето на испитаниците меѓу другото им беа поставени прашања за формата на родовата дискриминација со која се соочуваат. Испитаниците споменаа некои случаи на злоупотреба на позицијата и на односот професор - студент, меѓу другото се споменуваше и формата на сексуалните услуги во замена за оценка.

Универзитетот на Југоисточна Европа е подготвен да го испита секој можен случај од ваква природа, но во исто време нагласува дека прво мора да се потврди веродостојноста на методите и резултатите од истражувањето.

Универзитетот на Југоисточна Европа ги поттикнува студентите да го пријават секој случај што е поврзан со секаков вид на злоупотреба на Универзитетот.

Поради оваа причина, секое такво пријавување ќе се разгледува со најголема сериозност, но ова треба да се направи со потврда на фактите и со соодветно почитување на достоинството и приватноста на сите вклучени страни. Универзитетот во рамките на своите правила и политики предвидува голем број на правни и административни механизми за заштита од дискриминација и од разни злоупотреби кои можат да се спроведат во секое време. Универзитетот досега не добил никакви поплаки за такво прекршување за било професор.

Google+