„Одличните интердисциплинарни и трансдисциплинарни искуства на сегашната наука се насоките што научните истражувања на УЈИЕ треба да ги насочат како образовна и научна институција. Ретко има ваква можност на која може да се претставуваш со научно истражување во областа на економијата пред ценета публика и да добиваш позитивна оценка од најпознати научници од светот“ истакна ректорот Беџети, презентирајќи го своето истражување во областа на економските наукина тема „Ефикасното влијание на јавниот долг врз економскиот раст: емпириски анализи во земјите од Западен Балкан“.
На конференцијата присуствуваа 54 научници од целиот свет (претставници на национални академии, универзитети, научни и истражувачки институти, академски здруженија) и се осврнаа на тековните теми на современото општество и општиот развој, како и на потенцијалните закани и предизвици со кои човештвото ќе се соочува во иднина.
