Целта на посетата беше да се испита потенцијалот за соработка помеѓу двата универзитета и оваа посета се реализира по првата посета на делегацијата од УЈИЕ на Џиотонг Универзитетот.
Кинеската делегација ја прими ректорот на УЈИЕ акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, кој ги информираше за начинот на функционирање на Универзитетот, структурата на студиските програми, истражувачките капацитети и позицијата што оваа институција ја има во областа на високото образование во земјава и пошироко во регионов.
Кинеската делегација оствари средби со: проректорот за претприемништво и планирање-проф. д-р Бесник Фетаи; раководителот на канцеларијата за меѓународни односи-Бујар Синани, професорите Ендру Гудспид и Елена Спировска од ФЈКК, Бурбуќе Капроли од Центарот за кариера и претставници Од Технолошкиот парк.
