Проф. д-р Пол Сергиус Коку е професор на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и член на Академијата за маркетинг. Од неговата лична и професионална перспектива, Коку предаваше за карактеристиките на претприемништвото, особено за начините на преминувањето на бариерите и ризиците во 21. век.
На крајот од презентацијата имаше динамична дискусија од студентите и од кадарот околу тешкотиите со кои претприемништвото се соочува, при што произлегоа и конкретни предлози.
Предавањето беше поддржано од Бизнис центарот за иновации на Универзитетот на Југоисточна Европа.
