Во ЈИЕУ се промовираше документарен филм за Ндре Мједа
8 октомври 2009
На ЈИЕУ во организација на Катедрата за албански јазик и литература во вторник (6.10.2009) се промовираше документарниот филм „Животниот сон“ ("Andrra e jetes") базиран на поемата со ист наслов на познатиот албански писател Ндре Мједа.
Поздравен говор одржа деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација, проф. др. Веби Беџети, кој зборуваше за важноста на овој документарен филм, кој го осветлува литературното и националното дело на Ндре Мједа.
Филмот „Животниот сон“ третира многу актуелна тема која е поврзана со лајтмотивот на секој човек, животниот сон, рече продуцентот на филмот, Дом Ник Укѓини.
За важноста на филмот зборуваа и шефот на катедрата за албански јазик и литература, проф. др. Хамит Џафери и одговорниот на универзитетската библиотека, Алајдин Демири.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics