Избраните студенти ќе престојуваат две недели во Кина, каде што ќе учествуваат во демонстрирањето на најновите ИКТ достигнувања. Тие ќе бидат дел од работилниците, каде што ќе се сретнат со извршни директори и експерти на Huawei. Тие исто така ќе можат да посетуваат настава по кинески јазик, кинеско сликарство и калиграфија.
Свеченото доделување ваучери на петте најдобри студенти се одржа денеска (17.10.2018 година) во Скопје, во присуство на министерот за Информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија Jин Лисјен и главниот извршен директор на Хуавеи во Македонија Марин Тинчев.
Изборот на студентите беше реализиран во рамките на програмата „Huawei Seeds for the Future“, која има за цел да ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество. Програмата е поддржана од Владата на Република Македонија.
