Како продолжение на иницијативата „Алумни за Универзитетот и Универзитетот за Алумни“, средбата беше организирана за да се истакнат професионалните вредности на поранешните студенти на Универзитетот на глобално ниво како неискористени ресурси, кои претставуваат потенцијал на УЈИЕ.
Блерим Емрули, предавач и истражувач по компјутерски науки на Универзитетот во Малме, Шведска, се заблагодари за оваа иницијатива и изрази подготвеност за соработка помеѓу Факултетот за современи науки и технологии на УЈИЕ со Универзитетот во Малме.
На овој состанок се истакна важноста за одржување контакти со поранешните студенти на Универзитетот од било каде во светот и за продлабочување на соработката со нив како мост за поврзување на УЈИЕ со други универзитети и со меѓународни компании.
