На состанокот тие дискутираа теми од заеднички интерес со цел да ги афирмираат европските вредности и стандарди во високото образование.
Амбасадорот Јазбец рече дека соработката помеѓу УЈИЕ и Словенското образование е на многу високо ниво.
Ректорот Беџети зборуваше за приоритетите на УЈИЕ во следниов период со акцент на конкретната соработка со словенските универзитети , во функција на креирање заеднички студиски програми и реализација на заеднички образовни проекти.
