На средбата со ректорот академик проф. д-р Абдuлменаф Беџети, претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф. Денис Фарингтон, проректорот за истражување и меѓународни односи, проф. Беса Арифи и деканoт на Правниот факултет, проф. Емине Зендели се иницираше проектот за основање на Правна клиника. Проектот ќе им овозможи на студентите по право на Правниот факултет да соработуваат со адвокатите за да подготват конкретни случаи кои адвокатите ќе ги претставуваат во судовите.
Овој проект се очекува да се спроведе во летниот семестар од академската 2018-2019 година и претставува добра можност за студентите на УЈИЕ да го применат во практика стекнатото теоретско знаење и да ги стекнат потребните вештини и способности за градење на успешна кариера во областа на правото.
