„Оваа книга претставува значаен придонес за студентите и истражувачите од областа на економијата. Сепак, книгата повеќе е посветена на креаторите на политиката во нашиве земји, за да им помогнеме во споредувањето на теоретските модели и студиите на случаи обработени тука“, рече проф. д-р Луљета Минџози, една од авторите на книгата.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во својство на еден од авторите на книгата, рече дека важноста на оваа книга е во ангажирањето на локалните автори кои ги вклучија карактеристиките на локалните економии.
„Нашиве земји генерално имаат многу заедничко и тие не нашле успешен економски модел, а сите имаат ниски стапки на економски развој“, рече ректорот Беџети.
Говорејќи за економската реалност, ректорот Беџети рече дека воопшто пазарната економија е нефункционална, бидејќи на пазарот постои „силна рака“ што го насочува.
Поранешниот министер за финансии и економија, кој е еден од авторите на книгата, проф. д-р Арбен Малај, рече дека нивниот главен предизвик е да влијае врз подобрување на владеењето на владите преку научна работа.
„Книгата е корисна за вработените во владата. Таа нема многу формули, обработува теми како што се вработување, економски реформи, презентирање студии на случаи и анализи, преку обид да даде одговори на прашањето кој управува подобро, економисти или политичари, кои можат да дојдат од општествените науки“, рече Малај.
Книгата има меѓународна репутација и е извор на цитати и референци во областа на економијата.
Надополнета од локални автори, „Економијата на развојот“ стана неопходен дел од литературата на истражувачите од регионов и пошироко.
