Целта на меморандумот за разбирање е да се воспостави соработка помеѓу Innotel AB и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ). И двете страни од овој меморандум на разбирање ги споделуваат целите за развој на можности за соработка за академијата, стопанството и владината организација во рамките на развојот на софтвер за комуникација и поврзаност за Интернет на нештата.
Исто така, Меморандумот ќе се конкретизира со взаемен договор за спонзорство помеѓу страните пред почетокот на зимскиот семестар од академската 2018година за студентите на магистерски студии на Универзитетот на Југоисточна Европа.
