На овој состанок беа разгледани неколку точки, вклучувајќи го и Извештајот на Ректорот за годишниот процес на евалуација на вработените и подготовките на Универзитетот за новата академска година. Покрај тоа, Извршниот комитет одобри низа ректорски предлози за назначување проректори и директори на академски и административни единки, како и предлози на Сенатот за избор во наставно-научни звања.
Следниот состанок на Извршниот комитет ќе се одржи на 15 март 2019 година.
