Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Инаугурација на акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети за трет ректор на УЈИЕ

Во средата, 12 септември се одржа церемонијата за инаугурација на новиот ректор aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети се одржа.

На церемонијата присуствуваа премиерот на Македонија, Зоран Заев; министерот за образование и наука, Арбер Адеми; градоначалничката на Тетово, Теута Арифи; италијанскиот амбасадор, г. Карло Ромео; претставници на ОБСЕ; претставници на УСАИД; претставници на германската Амбасада; пратеници; претставници на Македонската академија на науките и уметностите; ректори на сите универзитети во Македонија; ректорот на Универзитетот од Приштина; ректорите на универзитетите од Пеќ и од Митровица; претставници на бизнис-заедницата; студенти, вработени и многумина други гости.

На оваа церемонија претседателот на Одборот на Универзитетот, Денис Фарингтон, симболично му ги врачи инсигнијата на Универзитетот и клучот на акад. д-р Беџети, со што официјално го инаугурира како ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Премиерот Заев рече: „Големо задоволство е да бидам присутен на устоличувањето на изборот на новиот ректор на така познатиот не само во Македонија, не во регионов и не само во Југоисточна Европа, туку и подалеку во Европа на нашиот Универзитет на Југоисточна Европа. Ми претставува голема чест денеска да бидам присутен на овој свечен чин, да му честитам на ректорот да има успешен мандат, да му посакам да ги зачува и да ги унапреди мисиите за кои е основан Универзитетот. Тоа е секако: да проектира висока наставна и научно-истражувачка дејност која овде во Македонија, по примерот на мултиетничност што ќе блеска во целиот регион. Знаеме дека УЈИЕ е еден од втемелувачите на општеството, кое со текот на годините се стремиме да го изградиме низ Македонија. Како човек и како политичар имам учено многу од мисијата и целта на постоењето на овој универзитет. Верувам дека со новиот ректор, ректорската управа, заедно професорите и студентите, ќе ја продолжите и унапредувате оваа мисија.“

Премиерот Заев продолжи: „За Македонија е многу важно и многу неопходно од Универзитетот да произлезат вредни кадри. Младите генерации, на кои ја оставаме Македонија во своето наследство, се непроценливо богатство кое извира од нашите универзитети. Сакам Универзитетот да продолжи и да ја интензивира соработката со другите универзитети, не само во земјава, туку и со меѓународните, за да се донесат поквалитетни знаења овде и да испратиме знаење ширум Европа. Убеден сум дека во наредниот период, Универзитетот - предводен од реномиран и почитуван академик, како што е проф. Беџети - значи само унапредување на неговиот квалитет. Сакам да сметате на поддршката од вашата Влада, од Владата на Македонија. Секако, ние учествуваме со симболични финансиски средства, но мојата порака која заедно со министерот за образование ја испраќаме е продолжете да ни давате поквалитетни студенти, ние ќе ја зголемиме финансиската поддршка. УЈИЕ блескаше од сите аспекти, продуцирајќи одлични кадри, кои денес се одлични службеници во Македонија, како во јавниот така и во приватниот сектор.“

Ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети се заблагодари на сите кои помогнаа и придонесоа за основање и за развој на Универзитетот.

„Би сакал да им се заблагодарам на креаторите и основачите на Универзитетот, г. Арбер Џафери и Макс ван дер Штул, чиј придонес мора со жалење да го препознаеме постхумно. Сакам да му се заблагодарам на основачот на Универзитетот, акад. Абази, а многу сум среќен што е меѓу нас, сѐ уште толку активен со неговите мудри совети."

Ректорот Беџети продолжи: „Би сакал да им се заблагодарам на меѓународните институции - од САД, од земјите на Европската унија, од неевропските држави, Фондацијата Сорос, програмата ДААД ... итн. за целата нивна поддршка од основањето на институцијата до денес. Без нив овој проект нема да постои. Во исто време, би сакал да се заблагодарам на Владата од тоа време и на сите други влади до денес, за политичката волја во основањето и за континуираната поддршка што ни ја даваат. Голема благодарност до Владата на Р.Македонија за вашата искрена поддршка како институционално така и материјално. Прво, поради зачувувањето на специфичниот статус на организирање и функционирање и второ поради материјалната поддршка која продолжува и се надеваме да се усогласи кон трендот на признавање на јавниот интерес што го создаваме во општеството во целина“, истакна ректорот Беџети.

За неговото патување во академската кариера тој се заблагодари и на професорите од Универзитетот во Приштина, неговите ментори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, неговите професори од Економскиот факултетот во Тирана и неговото блиско семејство.

Ректорот Беџети ја презентираше својата визија за патувањето на Универзитетот во иднина, истакнувајќи дека најголем приоритетен фокус се стандардите за квалитет на двете крила настава и истражување.

„Либералното образование како група на интелектуални инструменти заедно со стручната обука треба да создаде чувство на поголема општествена одговорност, емпатија и разбирање за подобар живот на луѓето. Со овие цели кои создаваат вредност и јавен интерес, можеме да ги оправдаме инвестициите на меѓународната и локалната заедница во исто време“, рече ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

„Дами и господа, универзитетите се уникатни институции. Доколку не сте работеле на високообразовна институција немате концепт за предизвиците со кои се соочува целиот свет со демографските промени и со влијанието на информациската технологија. Тие се места за трансформација, места каде што животите се менуваат, места каде што се креира и повторно се креира знаењето. И места каде што се создава иднината. Универзитетите се и места кои постојано се преструктуираат“, рече претседателот на Одборот на Универзитетот , проф. д-р Денис Фарингтон.

Поранешниот ректор на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика се осврна на своето искуство во текот на осумте години на водење на институцијата.

„За осум последователни години, како ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, благодарение на соработката со секој од вас - без исклучок, почнувајќи од Одборот на Универзитетот, коменаџерите во Ректоратот, менаџерскиoт тим на деканите и продеканите, раководителите на администрацијата... благодарение на секој вработен на кое било ниво и место на работа, понизно се изјаснувам во јавноста пред вас дека ми го дадовте највредното искуство во мојот живот и ми ги понудивте најсреќните моменти што едно лице може да ги има во работното опкружување. За ова, јас ќе ви бидам вечно благодарен“, рече проф. Дика.

Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети како знак на почит му подари на ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети слика, симболизирајќи ги своите желби за успех и за плодна соработка.

Google+