Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одржа 13. научен собир на „Алб-Шкенца“

Албанскиот истражувачки институт „Алб-Шкенца“ на 1 и 2 септември 2018 година, на Универзитетот на Југоисточна Европа – во Кампусот во Скопје го одржа тринаесеттиот состанок на тема: „Албанскиот свет во комеморација на 550-годишнина од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“.

На собирот присуствуваа познати лица од областа на науката и јавниот живот, кои го поддржаа овој собир, а кој оваа година се одржа во духот на Скендербег.

На пленарната сесија се дискутираа историските, етнографските, лингвистичките и другите аспекти поврзани со личноста на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег.

Научниот собир го поздравија ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа – акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, министерот за култура на РМ – г. Асаф Адеми, вишиот службеник во Министерството за образование и наука – г. Сафет Незири, градоначалникот на Општина Чаир –Висар Ганиу, директорот на Институтот Алб-Шкенца, проф. д-р. Гентиан Зибери, Виш политички советник на министерот за образование, наука и технологија на Косово, Фехми Хисенај и други познати личности.

Во рамките на собирот беа презентирани научните трудови на четири паралелни сесии : Филологија, историја, култура и терминологија; Земјоделство; Природа и животна средина и Инженерство, технологија и информатика.

Google+