Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети оствари средба со претставници од Американскиот совет на млади политички лидери

Во среда, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик Абдулменаф Беџети придружуван од проф. д-р Беса Арифи оствари средба со претставници од Американскиот совет на млади политички лидери.

Ректорот Беџети ја информираше делегацијата од САД за тековните развои на Универзитетот на Југоисточна Европа и за можностите за вклучување на нашиот академски кадар во реформите на правниот систем во земјава.

Делегацијата на САД ја посети Македонија во рамките на програмата „САД во Македонија“ која се реализира од Одделот за надворешни работи од Амбасадата на САД во Македонија.

Во текот на нивниот престој во Македонија, делегацијата од САД ќе оствари средба со сите релевантни правни институции во земјава.

Google+