Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот академик Абдулменаф Беџети со јасна визија за развојот на УЈИЕ

Визијата на АБ беше клучна тема за обуката на административниот и на академскиот кадар која се одржа на 23. август 2018 год. на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Избраниот ректор проф. д-р Абдулменаф Беџети на почетокот на презентацијата на својата визија се заблагодари на менаџерите на УЈИЕ, истакнувајќи го менаџерскиот придонес на првиот ректор на овој Универзитет, проф. д-р Алајдин Абази и тековниот ректор проф. д-р Замир Дика . Тој, исто така го пофали и процесот за избор на нов ректор, кој го опиша како институционална зрелост бидејќи беа почитувани најнапредните стандарди.

Ректорот Беџети откривајќи дел од стратегијата од визијата за развојот, рече дека раководењето на институцијата ќе биде реално и ги повика вработените да бидат дел од промените кои ќе следат за зачувување и понатамошно унапредување на УЈИЕ.

„Ние очекуваме да бидеме посебен универзитет со посебни програми, но и да ја зачуваме уникатната форма на функционирање која ни е определена и со Законот“, забележа академик Беџети.

Една од првите реформи која се очекува да ја направи новиот ректор е академска реконструкција која наметнува реструктуирање на наставните програми и нов начин на предавање.

„Мојата визија е универзитетот да биде уникатен, различен, специфичен и извонреден“, истакна во својата презентација ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Абдулменаф Беџети.

Нема да има компромис со квалитетот, кој ќе биде еден од приоритетите , додека пристапот ќе биде индивидуален не колективен во функција на мерење на изведбата, различноста и посветеноста кон институцијата.

Еден од приоритетите ќе биде фокусиран на оригиналното истражување преку покренување корисни теми за општеството.

На крајот, сите вработени имаа заеднички ручек на отворено во Кампусот на УЈИЕ во Тетово .

Google+