Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Академик Абдулменаф Беџети e избран за нов ректор на Универзитетот на ЈИЕ

Академик Абдулменаф Беџети e избран за нов ректор на Универзитетот на ЈИЕ

Денес (8 jуни, 2018 г.), на посебна седница, со тајно гласање од страна на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Академик Абдулменаф Беџети ја доби довербата за наредните четири години да го води Универзитетот. Новиот ректор доаѓа на оваа место по завршувањето намандатот на досегашниот ректорна УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, кој во два мандата успешно раководеше со оваа единствена институција на високото образование во Македонија.

Новиот ректор беше избран со мнозинство од вкупниот број на гласови од членовите на Одборот, каде што изборната постапка беше спроведена во согласност со Статутот на Универзитетот.

Треба да се напомене дека конкурсот за нов Ректор на УЈИЕбеше отворен до 19февруари оваа година, во кој беа вклучени и одредени барања за оваа позиција: академско звање – редовен професор признато од страна на државата, искуство во управување (по можност да е добиено на универзитет), ентузијазам за развивање со специфичност на мисијата на Универзитетот, давајќи приоритет на кандидатите кои ги знаат јазиците кои се користат на Универзитетот, како што се албанскиот, македонскиот и англискиот јазик.

Одборот во името на целиот кадар му честита на новиот Ректор!

Google+