Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одбележа Денот на Албанското училиште

На состанокот со деканите на факултетите и директорите на академските центри на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), ректорот Замир Дика го одбележа 7 Mарт - Денот на албанското училиште и денот на наставниците - истакнувајќи дека овој ден значајно придонесе за ширење на образованието на албански јазик.

„Отворањето на првото албанско училиште во Корча го претвори 7 март во ден на прослава за сите наставници и едукатори“, рече ректорот Дика.

Покрај тоа, ректорот го истакна фактот дека образованието денес мора да има основно стратешко место за која и да било земја што сака да постигне напредок. „Се надевам дека свеста за улогата на образованието ќе ги зајакне и развојот и пристапот до западните стандарди", истакна проф. Дика.

„Mësonjëtorja“ или Албанската школа, беше првото училиште на албански јазик и беше отворено на 7 март 1887 година во градот Корча. Оваа зграда денес е дел од националниот музеј; нејзиниот прв наставник и директор беше Пандели Сотири.

Google+